Угледниот „Скај Спортс“ пренесува: Манчестер Јунајтед испрати понуда од 30 милиони фунти за чудото од дете на Бирмингем

ole-pokazuva

Најугледниот англиски медиум „Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Јунајтед  се согласил да испрати понуда од 30 милиони фунти за младиот фудбалер на Бирмингем, Џуџ Белингем.

Фудбалерот има само 16 години и веќе е редовен во составот на членот на Чемпионшип лигата, а со своите настапи импресионира многумина, па затоа е следен и од Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Ливерпул и Барселона.

Сепак прв кој пројавил конкретен интерес е Манчестер Јунајтед кој направил и конкретен чекор испраќајки понуда која тешко дека ќе се одбие.

Се уште останува непознато дали Белингем веднаш ќе му се стави на располагање на Солскјер, доколку дојде до трансфер, или и следните шест месеци ќе ги помине на позајмица во Бирмингем.

Facebook Коментари