Угледниот Ди Марцио пренесува: Интер и Барса започнале преговори за Лаутаро Мартинез

lautaro

Еден од најугледните италијански новинари, Џанлука Ди Марцио пренесува дека во моментов се започнати првични преговори помеѓу Интер и Барселона за услугите на Лаутаро Мартинез.

Аргентинскиот напаѓач веќе подолг период се поврзува со тимот на Барселона каде би имал прилика да заигра со неговиот сонародник и еден од најдобрите играчи на сите времиња, Лионел Меси.

Наводно, Барселона е подготвена  да ја плати откупната клаузула во висина од околу 100 милиони евра.

Антонио Конте наводно дал зелено светло на клубот да преговара со други тимови за евентуална продажба на Лаутаро затоа што сметал дека играчот лесно може да биде заменет со друг напаѓач кој Интер би го ангажирал на лето.

Facebook Коментари