Поврзете се со нас

Германија

Угледниот „Билд“ јавува дека Баерн се вклучува во трката за стандардниот првотимец на Челси

Објавено

на

Еден од најугледните европски и сигурно најугледен германски медиум, „Билд“ пренесува дека од таборот на Баерн Минхен сериозно размислуваат да се вклучат во трката по потписот на Антонио Ридигер од Челси.

28 годишниот германски интернационалец кој е редовен во тимот на Томас Тухел како што стојат работите нема да го продолжи договорот со клубот од Лондон и кариератаќе ја продолжи во друг тим.

Ридигер има договор до крајот на сезоната, а доколку истиот наскоро не биде продолжен уште во јануари ќе може да преговара за заминување од клубот како слободен агент следното лето.

„Билд“ тврди дека од Баерн Минхен веќе биле во контакт со претставниците на фудбалерот и наскоро се очекува да се донесе конечна одлука за тоа дали Ридигер ќе си замине од клубот или сепак ќе се реши да го продолжи договорот со тимот од „Стемфорд Бриџ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни