Поврзете се со нас

Шпанија

Угледната „Марка“ јавува дека Реал доставил краен ултиматум до Серхио Рамос

Објавено

на

Еден од најугледните шпански медиуми, „Марка“ пренесува дека од таборот на Реал Мадрид доставиле финален ултиматум до Серхио Рамос кој се уште го нема продолжено договорот со клубот.

Веќе извесен период од раководството на клубот на чело со првиот човек, Флорентино Перез, му е понуден договор за продолжување на соработката, меѓутоа засега Рамос се уште не ставил потпис на истиот.

„Марка“ сега пренесува дека Перез го загубил трпението со Рамос и му доставил конкретен ултиматум на играчот.

Имено, Рамос добил ултиматум да достави конечен одговор на прашањето дали ќе продолжи со Реал Мадрид или ќе си оди како слободен играч до крајот на овој месец.

За Серхио Рамос сериозен интерес постои од тимовите на Манчестер Јунајтед и ПСЖ кои се во потрага по стабилен стопер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни