Поврзете се со нас

Шпанија

Угледен шпански новинар го потврди договорот меѓу Мбапе и Реал Мадрид

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Европските медиуми неколку дена наназад шпекулираат дека Килијан Мбапе дефинитивно решил да се пресели во Реал Мадрид, а денеска стигна потврда и од угледниот шпански новинар, Гилјем Балаг.

Добро информираниот Балаг ја сподели веста како дописник на „Би-Би-Си“, потврдувајќи дека 25-годишниот Французин во јуни ќе стане член на шпанскиот великан.

Мбапе се уште нема потпишано договор со Реал, но договорот ќе биде објавен веднаш откако ќе стане јасно дека ПСЖ и Реал не можат да се соочат во завршницата од Лигата на шампионите.

Балаг наведува дека Мбапе ќе добие бонус од Реал за потпишувањето договор кој ќе изнесува 150 милиони евра и ќе го добие на пет еднакви рати, а годишната плата ќе му биде 15 милиони евра.

Ако Лука Модриќ го напушти Реал летово, тогаш Мбапе ќе го добие и дресот со број 10, кој го носи и во француската репрезантација, – вели Балаг за „Би-Би-Си“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни