Поврзете се со нас

Англија

Угледен медиум најавува трансфер соработка меѓу Челси и Баерн

Објавено

на

Угледниот француски медиум „Л’Екип“ во своето денешно издание најави трансфер соработка помеѓу Челси и Баерн Минхен.

Имено, двата клуба би си размениле играчи, а предлогот би дошол на барање на англискиот клуб.

Челси сака да го ангажира крилниот играч на германскиот клуб, Кингсли Коман, а за возврат е подготвен да го понуди Калум Хадсон Одои.

Баерн пред една година беше заинтересиран за ангажман на младиот англиски фудбалер, но тогаш Челси на инсистирање на Френк Лампард ги одбиваше понудите.

И Баерн лани добил четири понуди за Коман, но сите ги одбил со образложение дека играчот не е на продажба.

Сега кога во игра влегол Челси со Хадсон Одои се очекува Баерн сериозно да размисли за трансфер зделката понудена од англискиот клуб.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни