Поврзете се со нас

Свет

Угарте од ПСЖ за својот вулгарен гест кон најголемиот заштитник на Меси: Кога видов што сум направил, сакав да се убијам (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Uruguay

Мануел Угарте прерасна во стандарден стартер на ПСЖ откако го засили францускиот шампион во летниот преоден рок, а довербата која ја добива од Луис Енрике му носи важно место и во репрезентацијата.

Угарте сочинува фантастично партнерство во средниот ред со Феде Валверде од Реал Мадрид, па двајцата пред неколку дена се израдуваа на голема победа над Аргентина на „Бомбонера“.

Уругвај славеше со 0:2 и „лудакот“ Биелса ја доби тактичката војна со Лионел Скалони, но покрај постигнатите голови, доста коментиран е и гестот на Угарте.

Дефанзивниот играч за врска режираше еден вулгарен гест кон Родриго Де Паул и на сликовит начин го долови неговиот заштитнички однос кон Лионел Меси, потег кој експресно стана вирален хит.

Непримерната гестикулација брзо ја обиколи цела Јужна Америка, па Угарте сега почувстува потреба да се огласи за својот срамен гест.

– Во тој момент го направив тоа, но не сфатив што правам. Кога заврши мечот, сите ми кажаа дека гестот станал вирален. Јас не се ни сеќавав што точно направив. Кога видов што сум направил, сакав да се убијам. Изгледав како животно и тоа не е добро. Игравме тензичен меч и во такви услови знаат да се вжештат работите, но тоа не смее да се прави. Не разговарав со Де Паул, но му барам извинување. Тој порача дека се останува на теренот и така ќе биде и овојпат, – изјави посрамениот Угарте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни