Поврзете се со нас

Боречки спортови

УФЦ потврди: Хабиб се враќа во октагонот со спектакуларна борба! (Фото)

Објавено

на

Хабиб Нурмагомедов ги мина најтешките моменти и денови во својот живот, бидејќи неодамна остана без човекот кој беше негов идол и кој му значеше најмногу во животот, односно неговиот татко Абдулманап кој почина како последица на компликации од коронавирусот.

По големата трагедија во семејството Нурмагомедов, многумина шпекулираа дека Хабиб ќе стави крај на својата кариера која ја започна и ја изгради само поради менторот и негов татко, но како што стојат работите, големиот шампион не планира да се повлече и има за цел да ги одработи последните замисли кој ги имаше Абдулманап.

Една од нив е да се врати во октагонот и да им одговори на новите предизвикувачи, па така денеска стана официјално дека Хабиб ќе влезе во „кафезот“ и ќе се бори со човекот кој направи големо изненадување на последниот УФЦ спектакл.

Џастин Гејтџи го среди фаворизираниот Тони Фергусон и си обезбеди статус на предизвикувач против најдобриот, па УФЦ вечерва потврди дека ќе гледаме спектакуларна борба во месец октомври.

– За наследство и злато, – гласи објавата на УФЦ на која стои дека борбата ќе се одржи на 24-ти откомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни