Поврзете се со нас

Боречки спортови

УФЦ ќе организира борби на остров во Абу Даби, Волкановски повторно ќе се соочи со Холовеј

Објавено

на

Дана Вајт во името на УФЦ, денеска ги најави следните борби, кои овој пат ќе бидат организирани на островот Јас во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.

Сопственикот на УФЦ одамна го најавуваше планот според кој ќе ги смести борците и останатиот екипаж на остров, кој никој нема да го напушта, а сега стана јасно дека се работи за познатиот Јас во Абу Даби.

Засега, официјално е потврдено дека на 11 јули ќе се одржи УФЦ 251 настанот, а главната битка ќе биде во велтер категорија и за појасот ќе се борат Камару Усман и Гилберт Брнс.

Истата вечер ќе настапи и Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски кој повторно ќе има борба со Макс Холовеј, кого го победи за освојување на појасот во декември минатата година. Во третата потврдена борба, Жозе Алдо за противник ќе го има Петр Јан.

Вајт ги информирал медиумите дека борби ќе има и на 15, 18 и 25 јули, при што во овој период сите капацитети резервирани од УФЦ ќе бидат затворени за јавноста и во нив ќе можат да се движат само учесниците, нивните екипи и членовите на организацијата.

Организаторот најави дека борбите ќе се одвиваат во октагон поставен во песок.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни