Поврзете се со нас

Боречки спортови

УФЦ ѕвезда уапсена од полицијата поради физички напад над ривал пред ресторан

Објавено

на

Хорхе Масвидал ќе мора да се појави пред американскиот суд по обвинение за насилство, затоа што го удрил својот ривал Колби Ковингтон пред ресторан на Флорида.

Записникот на полицијата открива дека инцидентот се случил во Мајами во понеделникот, а Ковингтон пријавил дека Масвидал му удрил најмалку две тупаници и поради тоа е подигнато соодветно обвинение за физичко насилство.

Ковингтон го победи Масвидал во октагонот на поени на 5. март на УФЦ 272 турнирот, па очигледно Масвидал и натаму не може да го прифати овој пораз.

За ситуацијата да биде уште поиронична, Масвидал и Ковингтон беа големи пријатели и спаринг партнери, пред пријателството да се претвори во големо ривалство.

Масвидал ќе се брани од слобода откако е ослободен со кауција, но може лесно да заработи затворска казна за овој инцидент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни