Уеска направи историски подвиг и обезбеди пласман во Примера (Видео)

ueska-1

На две кола пред крајот во шпанската Сегунда, го добивме и првиот патник во елитното друштво за наредната натпреварувачка сезона, а со самото тоа добивме и историски подвиг бидејќи овој мал клуб од Арагон стана 63-от клуб кој обезбедил пласман во Примера.

На Уеска и требаше победа на денешното гостување во Луга за математички да ја потврди промоцијата во Ла Лига, а со триумфот од 0:2 стави печат на сензационалната сезона во втората шпанска фудбалска лига по која сега за првпат во својата историја ќе игра во највисокиот фудбалски ранг во Шпанија.

Головите на Галјар и Пулидо во првото полувреме беа најдобра најава за големото славје на крајот, а со посебни букви во историјата на Уеска ќе биде запишано името на тренерот Жоан Руби кој е најзаслужен за резултатот кој изгледаше невозможен на стартот на сезоната.

Facebook Коментари