Поврзете се со нас

Балкан

УЕФА жестоко го казни Хајдук

Објавено

на

УЕФА го казни сплитски Хајдук со парична казна и условна забрана за одење на неговите навивачи на едно гостување поради однесувањето на дел од неговите навивачи на гостувањата против ХБ Торшавн и Ружомберок во квалификациите за Конференциската лига.

Како што се наведува во образложението на Дисциплинската комисија на УЕФА, Хајдук е казнет поради нереди на навивачи на трибините, фрлање предмети и употреба на пиротехнички средства. Поради ова ќе мора да плати казна од 50.000 евра, објави на својата интернет страница Европската фудбалска федерација.

Се наведува и дека клубот е под условна казан од две години, односно на навивачите на Хајдук ќе им биде забрането да одат на следното гостување доколку во тој период се повторат овие инциденти.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни