Поврзете се со нас

Лига Европа

УЕФА задава удар на нашите клубови кои ќе играат во Европа: Натпреварите нема да се играат во Македонија?

Објавено

на

Од европската куќа на фудбалот, УЕФА, донеле одлука сите клубови од овој регион натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа да не ги играат во своите земји.

Причината за тоа е неповолната сиутација со коронавирусот и неговото рапидно ширење во балканските земји.

Така, како што пишува „Спортски Журнал“ клубовите од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина домашните натпревари во европските натпреварувања би можеле да ги играат на Кипар.

Првите две кола речиси сигурно ќе се играат на Кипар, а постои можност целокупните квалификации да се одиграат на оваа островска земја.

Од Фудбалскиот сојуз на Кипар до УЕФА доставиле гаранции дека се подготвени да ги отстапат стадионите со сета своја логистичка поддршка за да се организираат натпреварите од Лигата на шампионите и Лига Европа.

Македонски претставник во квалификациите од Лигата на шампионите е тимот на Силекс, додека во Лига Европа ќе не претставуваат Шкендија, Шкупи и Ренова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни