Поврзете се со нас

Лига Европа

УЕФА воведува ново правило поврзано со жолтите картони

Објавено

на

Од Европската куќа на фудбалот, УЕФА, најавија ново правило поврзано со добивањето на жолтите картони.

Имено, картоните ќе се бришат по натпреварите од осминафиналето, а не како што беше пракса досега по четвртфиналето.

Ова правило важи и за двете европски натпреварувања, Лига на шампиони и Лига Европа и ќе почне да се применува уште од денеска.

Денес и утре на програмата се реванш средбите од Лига Европа, додека во петок се натпреварите од Лигата на шампионите.

Потоа ќе се продолжи на завршни турнири каде ќе бидат познати освојувачите на Лигата на шампионите и Лига Европа.

Лигата на шампионите продолжува во Лисабон, додека Лига Европа ќе се  доигра во Келн, Гелзенкирхен, Дуизборг и Дизелдорф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни