Лига на шампиони
УЕФА се огласи со видео и даде објаснување за спорниот пенал на Алварез (ВИДЕО)

Реал Мадрид по една голема драма која беше решена со удари од 11 метри успеа да го мине Атлетико Мадрид и да обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите.
Атлетико го доби реваншот со 1-0 и со оглед на тоа што немаше никакви промени и во дополнителните 30 минути дојдоа на ред да се изведуваат пенали, серија во која подобро се снајдоа „кралевите“ со 4-2.
Токму тука во овој дел се разви голема дискусија, полемика затоа што Хулијан Алварез во втората серија постигна гол, но потоа со помош на ВАР тој гол беше поништен поради двоен допир со топката.
Имаше дилема дали Аргентинецот навистина имал „двоен контакт“, па на крајот со соопштение се оглас и УЕФА која порача дека донесена е правилна одлука.
-Атлетико Мадрид побара консултација околу инцидентот по кој беше поништен голот од пенал на Хулијан Алварез на синоќешниот натпревар против Реал Мадрид во Лигата на шампиони“ – гласеше известувањето.
-Иако контактот беше минимален, играчот направи контакт со топката со ногата на која се потпираше кога шутираше, и ова се гледа во понуденото видео. Во склоп на сегашните правила, ВАР мораше да го извести судијата дека голот треба да биде поништен“.
-УЕФА ќе отвори дискусија со ФИФА и ИФАБ за да се види дали треба да се промени правилото доколку двојниот допир на топката не е намерен, -порачаа од УЕФА.
🚨 El vídeo que proporciona UEFA sobre la polémica de Julián Álvarez.
Parece que en esta toma es más evidente el toque. pic.twitter.com/wjcB0Tt0ta
— Dani Martidí (@danimartidi) March 13, 2025
-
Свет13 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Италија14 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија22 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Италија12 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија7 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија22 часа
Барселона со пеколен пресврт го сруши Атлетико на „Метрополитано“ (ВИДЕО)
-
Свет10 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)