Поврзете се со нас

Македонија

УЕФА се огласи со официјално соопштение за нападот врз Сејдини

Објавено

на

Муамед Сејдини пред точно една недела беше физички нападнат од три непознати маскирани лица, а бидејќи засега се уште случајот не е расветлен од надлежните власти, со сериозна осуда се јави и УЕФА.

Европската Фудбалска Федерација секогаш се стреми политиката да остане надвор од спортот, па откако инцидентот од Скопје се расчу и подалеку во Европа, денеска најважното тело на стариот континент се јави со официнално соопштение.

УЕФА во своето соопштение наведува деак внимателно ја следи целата фудбалска ситуација во Македонија во пресрет на изборите за нов претседател, па најави и дека делегати ќе дојдат да извршат инспекција во Скопје.

– УЕФА најостро го осудува неодамнешниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини. УЕФА ги повикува локалните власти да спроведат брза и темелна истрага.

– Заедно со ФИФА, внимателно ќе ја следиме ситуацијата во македонската фудбалска заедница за да обезбедиме федерацијата да остане ослободена од било какво мешање, во согласност со Статутот на УЕФА и ФИФА, и континуирано ќе проценуваме дали се потребни дополнителни активности.

– Заедничка делегација на ФИФА/УЕФА наскоро ќе отпатува во Македонија за да се сретне со спортски и владини претставници, со што ќе се погрижи независноста на ФФМ да се одржи и почитува, – се вели во соопштението од УЕФА.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни