Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА разговара со една земја за комплетна организација на ЕП 2021!

Објавено

на

Идејата на Мишел Платини да го организира Европското фудбалско првенство во 2020 година во 12 земји, најверојатно ќе биде напуштена како концепт и УЕФА ќе преговара со една земја за комплетна организација на турнирот.

Оваа вест денеска ја пренесе францускиот весник „Ле Паризиен“, додека европската федерација одбила да даде коментар, потврда или демант.

Една од причините веројатно е и фактот дека меѓу земјите домаќини требаше да биде и Азербејџан, но оваа земја е во воен конфликт со Ерменија и речиси сигурно ќе биде избришана од листата на потенцијалните домаќини.

Според сторијата на францускиот медиум, Русија и понудила помош на УЕФА уште во почетокот на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, за Европското првенство да се одржи во планираниот термин во 2020 година. Оваа земја се повикувала на ниските стапки на инфицирани луѓе во тој момент. Дополнително, Русија беше една од планираните 12 земји домаќини, а како организатор на Светското првенство во 2018 година има и модерна инфраструктура која ќе биде на располагање за одржувањето на европскиот фудбалски самит.

Македонија на 12 ноември треба да го одигра последниот бараж – натпревар за пласман на ЕП и тоа како гостин на Грузија. Според ждрепката, победникот од овој дуел ќе игра во групата Ц, заедно со Холандија, Украина и Австрија. Натпреварите од групата Ц се предвидени да се играат во Букурешт и Амстердам.

Датумите за одигрување на Европското првенство се од 11 јуни до 11 јули оваа година, а конечната одлука на УЕФА се очекува наскоро да ја соопшти Александар Чеферин, првиот човек на асоцијацијата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни