Поврзете се со нас

Лига на нации

УЕФА пресече: Лигата на нации ќе се игра без фанови, прв тест натпревар со навивачи ќе биде на 24. септември!

Објавено

на

Иако се уште не е комплетирано првото издание на Лигата на нации и не се познати сите учесници на Европското првенство, УЕФА денеска излезе со официјално соопштение и посочи дека нема да биде одложен стартот на вториот турнир во ова натпреварување.

Одредени селекции се обидуваа да направат притисок и бараа натпреварите да бидат одложени со цел комплетно да се стабилизира ситуацијата и да се вратат фановите на трибините, но со оглед на тоа што календарот и онака е пополнет, Европската куќа на фудбалот пресече и посочи дека септемвриските натпревари остануваат на програмата.

УЕФА соопшти дека овие натпревари ќе се играат без присуство на публика, што значи дека Македонија својот прв натпревар против Ерменија ќе го игра пред празни трибини.

Оваа средба е закажана за 5-ти септември и ќе се одигра во Скопје, но пред празни трибини ќе се одиграат и сите преостанати натпревари од Лигата на нации во воведната рунда.

Во своето официјално соопштение, УЕФА посочи дека план е натпревар кој ќе претстасвува тест за враќањето на фановите на трибините ќе биде Суперкупот на Европа, дуел кој е закажан за 24-ти септември во Будимпешта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни