Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА потврди дека му ја одзела акредитацијата на новинарот кој ги провоцираше српските фанови

Објавено

на

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ретко решава да одземе акредитација на новинар кој добил можност да известува од натпреварување како европско првенство, но тоа го направи со косовскиот новинар Арлинд Садику.

Садику веќе нема да има привилегија да работи од новинарската зона на стадионите на ова ЕП и тоа поради однесувањето за време на дуелот меѓу Србија и Англија.

Новинарот ги провоцирал српските фанови со гестикулациите со двоглав орел, по што Српската фудбалска федерација побарала санкција, која УЕФА и ја потврди.

– УЕФА потврдува дека еден новинар ја загуби акредитацијата поради своето однесување на дуелот меѓу Србија и Англија на 16. јуни, – стои во соопштението на федерацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни