Свет
УЕФА потсетува: Фудбалската лекција која ја одржа Роналдо на најлошиот терен во Европа (Видео)

Интер стана шампион во УЕФА Купот во далечната 1998-ма година откако во големото италијанско финале го победи Лацио со 3:0, натпревар на кој тимот од Милано комплетно го надигра оној од престолнината.
Во тоа време, легендарниот Луис Назарио де Лима Роналдо беше главна ѕвезда во Интер и беше стрелец на еден од погодоците во големото финале, но сепак најголем печат од таа сезона во второто по ранг европско клупско натпреварување остави неговото издание во полуфиналето.
Интер со предност од 2:1 отпатува во Москва на мегдан против Спартак, а условите за игра на стадионот „Динамо“ во руската престолнина најблаго кажано беа ужасни.
Гостинските фудбалери беа приморани да играат на „ораница“, но Роналдо и во такви услови прикажа за каков фудбалски мајстор станува збор, без оглед на тоа што беше исклучително тешко да се контролира топката.
23 години подоцна, УЕФА потсетува како изгледаше фудбалската симултанка на Роналдо во Москва, гостување на кое ги постигна двата гола во триумфот од 1:2.
🇧🇷 Ronaldo vs Spartak Moskva, 1998 UEFA Cup semi-final 🔥@Inter | @Ronaldo | #UEL pic.twitter.com/vzSclR2LjX
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) January 26, 2021

- Англијапред 22 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 21 час
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 24 часа
Вардар конечно победи во Лигата на шампионите, во Скопје оружјето го положи Елверум
- Лига на шампионипред 20 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 23 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 21 час
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 11 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Англијапред 24 часа
Нема крај на проблемите за Клоп: Додека го чека враќањето на Гомез и Ван Дајк, сериозна повреда заработи Хендерсон