Поврзете се со нас

Свет

УЕФА потенцира четири клучни проблеми на концептот на ФИФА за СП на две години

Објавено

на

Европската фудбалска федерација денеска со соопштение уште еднаш искажа загриженост поради кампањата на ФИФА за организација на светските првенства секои две години.

УЕФА не се сложува со идејата и е незадоволна од фактот што одговорните од светската федерација на големо го промовираат концептот меѓу националните федерации.

Во своето соопштение, УЕФА потенцира четири елементи кои се ставени во ризик поради идејата за мундијали на две, наместо на четири години.

Покрај намалувањето на вредноста и мистичноста на самиот турнир, од УЕФА велат дека овој концепт ќе ги намали шансите за пласман на помалите репрезентации, а е закана и за женскиот фудбал бидејќи женското светско првенство ќе го загуби својот ексклузивен термин.

Од друга страна, ФИФА е активна на проектот кој го води Арсен Венгер, а за 30. септември е закажан и виртуелен брифинг на кој со федерациите ќе разговара претседателот Џани Инфантино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни