УЕФА постави необично прашање, Ливерпул и се наслади на Барселона (Видео)

origi-liver

Во моменти кога фудбалската јавност ги исчекува возбудувањата во новата натпреварувачка сезона во Лигата на шампионите, УЕФА одлучи да постави едно невообичаено прашање на социјалните мрежи, а во ситуацијата, посебно се истакна одговорот на актуелниот европски шампион Ливерпул.

„Црвените“ изминатиот јуни стигнаа до својата шеста титула во најелитното европско натпреварување откако го победи Тотенхем во големото финале, но сепак далеку поневеројатно беше тоа што го направија во полуфиналето кога се вратија од 3:0 негатива во двобојот со Барселона. Во епскиот меч на „Енфилд Роуд“, Ливерпул победи со 4:0, но она што ќе се памети е бизарниот корнер кој ги направи Александер Арнолд и Ориги главни херои меѓу фановите на англискиот клуб.

Денешното прашање на УЕФА беше „кој е најдобар изведувач на корнери“ во Лигата на шампионите, а Ливерпул со одговорот и се наслади на Барселона…

Facebook Коментари