УЕФА „покажа заби“ и го одби петгодишниот план на Милан, „росонерите“ се огласија преку официјално соопштение!

milan-igraci1

Италијанскиот фудбалски гигант Милан изминатиов летен преоден рок комплетно го реновираше својот тим и купи дури 11 нови фудбалери, но сепак, тоа не донесе значајни резултати во првиот дел од актуелната натпреварувачка сезона што всушност им направи големи проблеми на кинеските газди, и воедно најави голем чекор назад на најавениот проект.

Причина за тоа се правилата кои ги налага Финасискиот Фер Плеј на УЕФА, а според кој Милан ќе мора да направи значајни рестрикции, па дури и продажба на играчи за да остане неказнет од страна на најзначајното фудбалско тело во Европа. За да избегне вакво сценарио, Милан пред извесно време достави петгодишен план до УЕФА со кој се обиде да увери на тоа дека клубот ќе се стабилизира во овој период, но сепак ова утро пристигна информацијата дека првите луѓе на највисокото тело го одбиле планот на „росонерите“.

Ова значи дека на Милан му се заканува сериозна парична казна и можност да биде лимитиран околу пријавувањето на фудбалерите и санкциониран во неколку трансфер периоди, а бидејќи станува збор за навистина сериозни работи кои можат значително да го доведат во прашање проектот на новите газди на Милан, клубот експресно излезе со соопштение во кое посочи дека е подготвен за спогодба, односно прифаќање на дел од казните за да се избегне најголемата.

– Важни медиумски извештаи укажуваат на тоа дека нашиот доброволен договор не бил прифатен од страна на УЕФА. Во исчекување на нивниот официјален став, ние сакаме да потенцираме дека максимално ја почитуваме европската институција. Милан јасно става до знаење дека е подготвен да се соочи и со другата страна на проблемт, односно да постигне договор за порамнување, – гласи соопштението на Милан во кое јасно се алудира на спогодба со УЕФА.

Facebook Коментари