Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА подготвува нов формат за Лигата на шампионите

Објавено

на

Европската фудбалска федерација планира да го промени форматот на Лигата на шампионите и тоа веројатно ќе се случи во 2024 година.

Според ексклузивните информации на британски „Тајмс“, системот ќе виде радикално променет и ќе бидат исфрлени групите од главната фаза на натпреварувањето.

УЕФА го фаворизира „швајцарскиот систем“, според кој секоја екипа во главната фаза ќе одигра натпревар со 10 различни противници.

Екипите кои ќе се пласираат од 1 до 16 место ќе се пласираат во осминафиналето, а тие меѓу 17 и 24 позиција ќе бидат префрлени во Лига Европа. Во првата нокаут фаза, првопласираниот тим од претходната фаза ќе игра во осминафиналето против тимот кој го освоил 16. место.

Ова е форматот кој засега има најмногу шанси да биде реализиран од УЕФА, која на секој начин се обидува да го блокира обидот за формирање Европска супер лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни