Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА подготви специјални признанија за луѓето кои му го спасија животот на Ериксен

Објавено

на

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе им додели специјална награда, признание на луѓето кои му го спасија животот на Кристијан Ериксен на Европското првенство.

Како што е познато Ериксен се струполи на дуелот со Финска во Копенхаген, а брзата реакција на Симон Кјаер и медицинската лица направи да не се случи вистинска трагедија. Потоа беше утврдено дека Ериксен доживеал срцев удар и сега е под знак прашање дали ќе може да ја продолжи кариерата, ама она што е најважно е дека е жив и за тоа вечно ќе им биде благодарен на луѓето кои му помогнаа кога беше најпотребно.

-Сакам да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа на 12. јуни. Направивте фантастична работа и ми го спасивте животот. Му благодарам на мојот пријател и капитен Симон, моите соиграчи за поддршката на 12 јуни и подоцна. Благодарност и до фановите кои ми испратија пораки за поддршка. И секако на моето семејство, -истакна Ериксен.

Првиот човек на УЕФА, Александер Чефери  објави дека наградата оваа година го надминува фудбалот.

-Ова ни служи како потсетник колку е скапоцен животот, се стававо поинаква перспектива. Им се восхитувам на лекарите и медицинскиот персонал за нивната исклучителна реакција и смиреност – особини што беа пресудни за спасување на Кристијан. Исто така, би сакал да го пофалам капитенот Симон Кјаер за неговите исклучителни лидерски квалитети и огромната храброст што ја покажа во оваа ситуација, -рече Словенецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни