Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА почна да ја полни касата од испадите на навивачите на балканските репрезентации на ЕП

Објавено

на

Дисциплинската комисија на УЕФА денеска ги одредила првите казни за постапките кои беа отворени деновиве, а се однесуваат на испадите на навивачите на неколку репрезентации.

Поточно, засега се работи за фанови на две репрезентации и тоа ни помалку ни повеќе, навивачите на Србија и Албанија, поради кои УЕФА веќе почна да ја полни касата од федерациите.

Двете федерации се казнети поради истакнување „провокативни пораки кои не се соодветни за спортски натпревари“ на трибините, а почетните казни за федерациите на Србија и Албанија се по 10.000 евра.

Србите ќе платат 4.500 евра затоа што фановите фрлале чаши за пиво на теренот, додека Албанците поминаа уште полошо.

Федерацијата на нашиот западен сосед ќе плати уште 27.235 евра поради активирање на пиротехнички средства, фрлање чаши на терен, како и поради навивачот кој се најде на теренот на дуелот со Италија.

За сликата за балканските фанови да биде целосна, можно е да има казни поради денешните скандирања на дуелот меѓу Албанија и Хрватска на сметка на Србија, а веќе е отворена друга постапка во која Косовската федерација бара казна за Србите поради дискриминаторски пораки од фановите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни