Поврзете се со нас

Лига Европа

УЕФА планира завршен турнир и во Лига Европа, домаќин ќе биде бундеслигашки стадион

Објавено

на

Европската фудбалска федерација на состанокот на Извршниот комитет веројатно ќе донесе важни одлуки поврзани со завршницата на Лигата на шампионите и Лига Европа.

Одамна се шпекулира дека УЕФА планира завршен фајнл-ејт турнир на Лигата на шампионите во Лисабон, а денеска дел од медиумите информираат дека ист таков турнир би се играл и во Лига Европа, со тоа што домаќин ќе биде Франкфурт.

Финалето на ЛЕ требаше да се игра во полски Гдањск, но УЕФА смета дека „Комерцбанк Арена“ е најдобра опција, поради инфрастрктурата која ја има градот Франкфурт.

Тоа значи дека покрај аеродромот кој е еден од најголемите во Европа, во германскиот град има доволно хотелски капацитети и терени за тренинг, со што сите учесници на турнирот би имале исти услови за подготовки.

Останува нејасно како УЕФА ќе им компензира на Истанбул и Гдањск за тоа што ќе останат без финалињата, посебно што домаќините се објавуваат неколку години порано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни