Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА отвори истрага и може да го казни Белингам за спорниот потег против Словачка

Објавено

на

foto: x.com/England

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска потврди дека отворила истрага за еден спорен потег на Џуд Белингам за време на осминафиналниот дуел меѓу Англија и Словачка на ЕП во Германија.

Белингам беше херој на „трите лава“ постигнувајќи гол во 95. минута за израмнување, а по прославата на погодокот, дојде и спорниот момент кој беше уловен од камерите.

Наводно, Белингам испратил порака до противничката клупа за тоа што било потребно за да се постигне таков гол, а УЕФА го истражува случајот како евентуално недолично однесување и затоа активираше дисциплинска постапка.

Судијата Умут Мелер не го вметнал овој момент во својот официјален извештај, но тоа не значи дека УЕФА не може да го казни Белингам за својот потег. По натпреварот Белингам преку социјалните мрежи истакна дека потегот не бил наменет за Словаците и се работело за интерна шега со свои блиски пријатели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни