Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА отвора постапка против Македонија, ни се заканува казна поради кршење протоколи и правила

Објавено

на

Фудбалската репрезентација на Македонија и официјално го заврши учеството на првото историско Европско првенство на кое за жал не успеа да забележи ниту една победа.

Сега, откако шампионатот заврши за нас, ФФМ се соочува со проблеми затоа што УЕФА, како што јавуваат светските медиуми, отворила постапка против Македонија поради прекршување на протоколите пред натпреварот со Холандија.

УЕФА ќе ја поведе постапката по членот 31/4 според кој е прекршен кодексот за однесување донесен поради ковид ситуацијата.

Според соопштението, Македонија ќе биде поведена под постапка поради прекршување на протоколите на челниците на репрезентацијата при тестирањето пред натпреварот со Холандија. Не станува збор за постапка против индивидуална личност, туку против целата федерација.

Засега не е познат типот или висината на казната која би ја добила Македонија по инспекцијата на УЕФА.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни