Европски првенства
УЕФА одвои простор за Македонија и ја презентираше со неколку занимливости: Најважен гол, играч кој играл на ЕП…

На официјалната веб страна на УЕФА беше одвоен доста голем простор за репрезентацијата на Македонија која за прв пат ќе игра на едно големо натпреварување.
Европското првенство кое ќе се одржи летово ќе биде историско за репрезентацијата на Македонија и токму по тој повод од УЕФА се решија одблиску да ја претстават нашата репрезентација на широкиот фудбалски аудиториум.
Според европската куќа на фудбалот, Горан Пандев и Енис Барди ќе бидат наши клучни играчи на континенталниот собир во 2021 година.
Освен податоци од актуелниот состав, од УЕФА ги посочија и незаборавните моменти и голови за Македонија во квалификациите за Европското првенство годините наназад.
– Првиот квалификациски гол Македонија го постигна на 7 септември 1994 година преку Митко Стојковски против Данска во Скопје. Како и да е, ударот на Пандев за кој противниците немаа одговор во 56. минута од натпреварот против Грузија дефинитивно е најважниот гол во историјата на Македонија.
– Откако Македонија ја имаше првата интернационална побреда против Словенија на 13 октомври 1993 година (4:1) кога Зоран Бошковски го постигна првиот гол, во репрезентацијата имаше уште светли моменти. Голот на Артим Шакири директно од корнер против Англија во квалификациите за ЕУРО 2004 беше еден таков момент, а победата над Лихтенштајн од 11:1 во квалификациите за Светското првенство 1996 година беше уште еден светол момент.
Освен незаборавните моменти, од УЕФА објавија и неколку интересни детали и занимливости поврзани со нашата селекција.
– Голманот Благоје Видиниќ е единствениот играч кој е од Македонија и кој играл на Европско првенство настапувајќи за Југославија во 1960 година.
– Актуелниот селектор Игор Ангеловски е на клупата на Македонија најмногу од било кој друг селектор претходно. Неговиот рекорд по 45 натпревари на клупата е 20 победи, 10 нерешени средби и 15 порази.
– Ангеловски е 17 селектор на Македонија од 1993 година, вклучувајќи и четворица привремени селектори. Само четворица од нив биле странци: Слободан Сантрач (Србија, 2005), Среќко Катанец (Словенија, 2006-2009), Џон Тошак (Велс, 2011-2012), Љубинко Друловиќ (Србија, 2005).

- Италијапред 22 часа
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Англијапред 23 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 22 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Лига на шампионипред 23 часа
Гвардиола одговори на прашањето дали се фаворити во Лигата на шампионите: Kога ги гледам нив не би рекол дека сме
- Лига на шампионипред 21 час
Капело: Прво беше оштетен Лацио, па Аталанта, ова станува сомнително
- Англијапред 20 часа
Гвардиола ја откри тајната на Сити за успесите: Имаме многу пари за да купиме неверојатни играчи (ВИДЕО)
- ВТАпред 21 час
Ѓорческа немаше одговор за шестата носителка во Москва
- Англијапред 20 часа
Легендарниот Окоча има совет за Салах за изборот на нов клуб