Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА одлучи: Осминафиналето меѓу Лајпциг и Ливерпул ќе се игра во друга земја (Фото)

Објавено

на

Ливерпул ова попладне го игра големото дерби против Манчестер Сити во Премиер лигата, но на неколку часа пред почетокот на истото, англискиот првак доби една важна информација поврзано за следниот натпревар кој исто така е од огромно значење.

Ковид протоколите засега не создаваат никакви проблеми во националните првенства поради фактот што се играат натпреварите во иста земја, но со оглед на тоа што одредени држави препишаа нови рестрикции за странски државјани, се јави и првиот проблем пред продолжението на Лигата на шампионите.

Ливерпул како англиски претставник нема дозвола да влезе во Германија најмалку до 17-ти февруари, а бидејќи првиот осминафинален меч со Лајпциг е закажан еден ден порано, споменатиот бундеслигаш нема да може да го игра натпреварот на домашен терен.

УЕФА ова попладне излезе со официјално соопштение и нагласи дека е најдена солуција, односно првиот осминафинален натпревар ќе се одигра во Будимпешта на „Пушкаш арената“.

– УЕФА може да потврди дека првиот натпревар од осминафиналето меѓу Лајпциг и Ливерпул ќе се одигра на „Пушкаш арена“ во Будимпешта на 16-ти февруари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни