Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА номинираше тројца фудбалери кои влегуваат во конкуренција за најдобар во сезоната што измина

Објавено

на

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) номинираше тројца фудбалери од кои ќе се избере најдобриот за сезоната што измина.

Од УЕФА не го следеа примерот на „Франс Фудбал“, па ќе ја доделат наградата за најдобар играч во Европа за минатата сезона, а во конкуренција за истата ќе бидат тројца фудбалери.

Роберт Левандовски и Мануел Нојер од европскиот шампион Баерн Минхен, како и Кевин Де Брујн од Манчестер Сити ќе се борат за престижното индивидуално признание.

Најголем  фаворит за освојување на наградата е Роберт Левандовски кој се сметаше за фаворит и за Златната топка која годинава нема да се додели.

УЕФА ги селектираше и тројцата тренери од кои ќе бира за најдобар тренер за минатата сезона, а во конкуренција се Ханси Флик (Баерн Минхен), Јирген Клоп (Ливерпул) и Јулиан Нагелсман (РБ Лајпциг).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни