Лига на нации
УЕФА не се откажува од Лигата на нации
Македонската фудбалска репрезентација е една од оние кои се уште очекуваат нова одлука за термините за завршницата на Лигата на Нации, а УЕФА барем засега не може да „пресече“ со оглед на неизвесноста поврзана со коронавирусот.
Но, како што пренесуваат англиските медиуми предводени од „Мирор“, челниците на УЕФА цврсто стојат зад ова натпреварување и не планираат да се откажат од предвидените натпревари, но и од следната сезона во Лигата на нации.
Поместувањето на Европското првенство за следното лето значи дека крајот на оваа година овозможува простор за натпревари од актуелната или новата сезона, а Македонија најпрвин треба да се соочи со Косово во борбата за пласман на ЕП кое ќе се одржи во 2021 година.
За новата сезона, планот на УЕФА е во слотовите за меѓународни натпревари, наместо два, да има три термини, со што ќе може да се организира и групната фаза, а финалниот турнир евентуално би бил поместен за наесен во 2021 година, односно по завршувањето на ЕП.
-
Балканпред 20 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 7 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 7 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Македонијапред 5 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 11 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 12 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 22 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик