Поврзете се со нас

Лига на нации

УЕФА не сака да ризикува, дуелот Македонија-Косово ќе се игра без публика

Објавено

на

blank

Дуелот од полуфиналето на Лигата на нации меѓу Македонија и Косово требаше многу одамна, уште на 26 март да се одигра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, но целата здравстцена ситуација, проблемот со КОВИД-19 донесе промени, одложувања и сега истиот би требало да се одигра во нашата престолнина на 8 октомври.

Меѓутоа како што стојат работите ќе нема да биде дозволено публика на таа средба, нешто што го најавува реномираниот „Л Екип“. Имено според нивните извори, УЕФА поради коронавирусот нема да даде зелено светло за навивачи на трибините, поточно ќе даде забрана за гледачи за репрезентативните мечеви во септември и октомври.

Оваа вест треба да ја потврди европската куќа на фудбалот, ама ова дефинитивно се сигнали кои покажуваат дека информацијата само ќе биде потврдена затоа што ризикот да се игра со публика е преголем, а никој не сака да си поигрува со здравјето кое е најважно особено се остварат најавитде дека од есен ќе има нов бран на коронавирус.

Ако ова сценарио се реализира ќе значи дека избраниците на Ангеловски ќе ја немаат помошта од публиката ниту против Ерменија на првиот меч од Лигата Ц на Лигата на нации  закажан за во Скопје на 5 септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни