Европски првенства
УЕФА направи непотребен циркус, па го потврди официјалниот распоред на Македонија

Европската Фудбалска Федерација направи голема забуна во цела светска спортска јавност со потегот кој го повлече вчеравечер, бидејќи прво го објави комплетниот распоред за квалификациите за Европското првенство, а потоа го повлече истиот со образложение дека има технички грешки.
УЕФА приреди непотребен циркус и го одложи официјалниот распоред до понеделник наутро, по што сега распоредот на македонската фудбалска репрезентација е дефинитивен.
Распоредот за „рисовите“ на Благоја Милевски останува непроменет и терминот за одигрување на сите осум натпревари останува ист, што значи дека почнуваме со Малта, а завршуваме со Англија.
Селекторот Милевски по извлечената ждрепка нагласи дека Македонија не можела да добие потешка група од онаа која ја доби, бидејќи покрај актуелниот вицешампион Англија, во групата е и освојувачот на последниот континентален турнир, селекцијата на Италија.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:
23. март 2023 Македонија – Малта
16. јуни 2023 Македонија – Украина
19. јуни 2023 Англија – Македонија
09. септември 2023 Македонија – Италија
12. септември 2023 Малта – Македонија
14. октомври 2023 Украина – Македонија
17. ноември 2023 Италија – Македонија
20. ноември 2023 Македонија – Англија
-
Англијапред 22 часа
Јунајтед знае што ќе прави со Гринвуд до крајот на сезоната
-
Балканпред 22 часа
Тренерот на Партизан пријави за исчезнат познат првотимец, клубот режираше голем циркус во Србија
-
Светпред 20 часа
Шокантно видео од Белгија: Поранешен играч на Лацио полетал во воздух со автомобил и пробил ѕид од спортска сала!
-
Шпанијапред 24 часа
Куман: Лапорта ме излажа дека Меси ќе потпише нов договор со Барселона
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона ќе одмори од „Камп Ноу“: Каталонците ја известија Ла Лига дека наредната сезона ќе играат на друг стадион
-
Англијапред 21 час
Руни откри дека има свој фаворит во шампионската трка меѓу Арсенал и Сити
-
Балканпред 19 часа
Мијатовиќ за својот сакан соиграч: Повеќе спиев со него, отколку со мојата сопруга
-
Балканпред 17 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска