Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА може да го задржи системот со завршен турнир во Лигата на шампионите

Објавено

на

Европската фудбалска федерација сезонава принудно мораше да го промени системот во завршницата на Лигата на шампионите и Лига Европа, но очигледно тој доби и голем број фанови.

Најпрвин, Карл-Хајнц Румениге јавно истакна дека ќе се залага и во иднина да се игра завршен турнир со по еден натпревар, а сега во слична насока оди и изјавата на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

– Мора да кажам дека овој систем со по еден натпревар, мене ми изгледа многу поинтересно и поатрактивно од класичната завршница со по два натпревара.

– Ова е една од ретките позитивни работи кои се случија поради коронавирусот. Моравме да донесеме вакво решение, но на крајот тоа се покажа како интересно.

– Јасно е дека тешко може да вметнеме фајнл-ејт завршница во календарот, но видовме дека овој систем им е интересен на фановите, пред се бидејќи секој може да победи секого кога се игра еден дуел. Мора да разговараме на оваа тема и наредниве месеци да донесеме одлука, – изјавил Чеферин, кој размислува за ваква завршница во двете натпреварувања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни