Поврзете се со нас

Свет

УЕФА креираше нова функција која ќе ја извршува Бобан

Објавено

на

Звонимир Бобан ја напушти функцијата во ФИФА за да стане дел од раководството на Милан, за сега да добие ангажман во УЕФА, за кој Европската фудбалска федерација додаде и целосно нова функција.

Александар Чеферин решил да ја постави хрватската легенда на одговорна функција поврзана со спортскиот дел од натпреварувањата во рамките на УЕФА, а тоа е прв ангажман на Бобан откако се раздели со Милан.

Бобан ќе биде одговорен за комуникација со клубовите и федерациите, за синхронизирање на натпреварувачките календари, како и за имплементацијата на ВАР технологијата низ Европа.

Хрватот ќе му одговара директно на Чеферин како негов претпоставен, а го очекува сериозен ангажман во наредниот период, бидејќи УЕФА планира да прави реформи во европските купови, вклучувајќи го менувањето на форматот на Лигата на шампионите.

Официјализирањето на ангажирањето на Бобан би требало да се случи веќе во понеделник, за кога е закажан состанок на Извршниот комитет на УЕФА и на кој ќе бидат донесени најавените промени во европските купови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни