УЕФА ја сменила формацијата за да го вметне Роналдо во тимот на годината

ronaldo

Во текот на вчерашниот ден беше објавен УЕФА тимот на годината за 2019, но денеска во јавноста се појавија информации дека овој избор бил наместен или поточно европската фудбалска федерација ја променила формацијата само за да го внесе Кристијано Роналдо.

Навивачите го кажаа своето: Ова е супер тимот на годината во изборот на УЕФА (ФОТО)

Лионел Меси, Роберт Левандовски и Садио Мане биле напаѓачите со најмногу гласови, додека Португалецот го заземал четвртото место. Токму традиционалната формација 4-3-3 беше промената во 4-2-4, па во оваа ситуација настрада или беше избршишан Н’Голо Канте од Челси кој бил на третото место по бројот на гласови на фановите кога е во прашање средината на теренот.

-Популарноста на Роналдо е толку голема во УЕФА, па беше вклучен алармот кога ги видео резултатите. Поради таа причина ја сменија формацијата, -вели извор за „Дејли Мејл“.

Од УЕФА пак се огласија и посочија дека промената е поради триумфот на Португалија во Лигата на нации.

-Формaцијата за тимот за 2019 година беше избрана да ги одразува гласовите на навивачите паралелно со достигнувањата на играчите во натпреварувањата на УЕФА. Како резултат, има петмина победници од Лигата на шампионите и четири финалисти во Лигата на нации на УЕФА, меѓу кои и победник. Формацијијата се менува редовно и годинава не е исклучок, -порачаа од УЕФА.

Facebook Коментари