Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА ја објави најдобрата единаесетка на ЕП, Италијанците доминираат (ВИДЕО)

Објавено

на

Во неделата на „Вембли“ беше спушетана завесата на 16. Европско првенство и тоа со триумф над Италија која во завршната битка за титулата беше подобра од Англија.

Италијанците со ова само потврдија дека се враќаат на големата сцена и дека ако се биде како што треба ќе играат важна улога и на престојното Светско првенство во Катар во 2022 година.

Со оглед на резултатот воопшто не е изненадување што „аѕурите“ имаат најмногу преставници во тимот на првенството кој го објави Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Дури пет играчи се најдоа во формацијата 4-3-3 и тоа голманот Донарума, дефанзивците Спинацола и Бонучи, Жоржињо и Киеза.

Од вицешампионот Англија ги имаме Вокер, Мегваер и Стерлинг, додека останатите места се резервирани за Хојбјерг, Педри и Лукаку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни