Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА ја исфрли Дрита од ЛШ поради позитивни случаи на коронавирус

Објавено

на

По вчерашното одложување на натпреварот во Лигата на шампионите од прелиминарната фаза, УЕФА денеска излезе со официјално соопштение дека истиот нема воопшто да се одигра, повикувајќи се на новиот член имплементиран во анексот по рестартот на сезоната во услови на пандемија.

Косовскиот првак Дрита не доби дозвола да го одигра вчерашниот меч против Линфилд поради регистрирани два позитивни случаи на коронавирус во првиот тим, а денеска беше пренесено дека истиот ќе го загуби по службен пат.

Претквалификацискиот турнир во Лигата на шампионите се игра во Нион во посебни услови, а откако швајцарските власти го ставија цел тим на Дрита во изолација, сега пристигна повтрда дека косовскиот тим го губи натпреварот со службени 3:0.

На овој начин, го добивме првиот случај на загубен натпревар поради коронавирусот, правило кое е имплементирано во правилникот и стапува на сила доколку се процени дека клубот не одговорил на препорачаните мерки за заштита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни