Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА изрече нова казна и продолжи да ја полни касата поради недоличното однесување на албанските фанови

Објавено

на

Балканските фудбалски фанови предизвикаа големи непријатности за своите Федерации поради недоличното однесување на стадионите во Германија, а УЕФА засега реагира максимално ригорозно на сите неправилности и неетички пораки кои се испраќаат од трибините.

Европската Фудбалската Федерација ова попладне извести дека Албанија е втората Федерација која ја добива втората казна на Европското првенство, сето тоа како последица на политичката пропаганда и неморалните пораки кои беа испратени и на натпреварот против Хрватска во второто коло.

Етичката комисија при дисциплиското тело на УЕФА реши да ја казни албанската Федерација со вкупна сума од 47.500 евра поради воочените скандалозни пораки на стадионот во Хамбург, но и поради користењето на пиротехника.

Албанската Федерација преку официјално соопштение побара од своите навивачи да бидат поодговорни и да избегнат непотребни инциденти и немири, бидејќи вака само оставаат лоша слика за себе, но и за цела нација.

Трите одлуки донесени од Етичкиот комитет на УЕФА:

Казна за албанската фудбалска Федерација со 2500 евра за палење пиротехнички средства.

Казна за албанската фудбалска Федерација со 20.000 евра за прекин на натпреварот.

Казна за албанската фудбалска Федерација со 25.000 евра за емитување недолични пораки на спортски настан.

Претходно, албанската Федерација доби парична казна од 37.375 евра за неприфатливо однесување на навивачите на мечот против Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни