Поврзете се со нас

Свет

УЕФА излезе со официјален став за контроверзниот гол на Мбапе

Објавено

на

Голот за победа кој го постигна Килијан Мбапе во финалето во Лигата на нации предизвика фудбалски потрес во целиот свет, но посебно во Шпанија со оглед на тоа што жртва од бизарното фудбалско правило беше „црвената фурија“.

Иако беше во офсајд и тргна со предност во акцијата, голот на Мбапе беше признат, и тоа откако главниот арбитар Тејлор се повика на пишаното фудбалско правило од страна на ФИФА и УЕФА кое вели дека недозволената позиција се поништува ако противнички играч има контакт со топката.

Во обид да спречи топката да стигне до Мбапе, Ерик Гарсија постапи како секој дефанзивец и ја закачи топката со врвот, но токму овој негов потег направи Килијан да биде во дозволена ситуација и покрај офсајдот и голот за 2:1 беше признат.

Шпанија ја загуби титулата во Лигата на нации, но по се изгледа, оваа фудбалска неправда ќе направи да видиме промена на ова некоректно правило.

– Антони Тејлор донесе коректна одлука, базирана на актуелното правило кое се интерпретира според строго пропишани стандарди. Шпанскиот играч имаше за цел да ја удри топката, а противничкиот играч не влијаеше врз неговата одлука и не му сметаше.

– Во овој случај, испадна дека интерпретацијата на правилото е во конфликт со вистинскиот дух на истото правило, а тоа е да се спречи било кој играч да има најмала предност од тоа што се наоѓа во офсајд ситуација. Поради тоа, ставот на УЕФА е дека има начини да се подобри читањето на играта и да се адаптира правилот на духот на фудбалската игра. Веќе стапив во контакт со моите колеги од ФИФА и ИФАБ и ќе дискутираме на следното фудбалско собрание, – најави актуелниот шеф на судиите на УЕФА и поранешен ценет италијански арбитар, Роберто Розети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни