Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА издвои еден генијален потег на Модриќ од последниот меч во ЛШ, Вернер превртуваше очи (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид долго се мачеше да го скрши отпорот на Лајпциг и тоа го направи во завршните 10 минути на „Сантијаго Бернабеу“, пресметка која ја реши Валверде со својот прв гол за 1:0, а беше заокружена од Асенсио во судиското надополнување.

Лигата на шампионите ќе продолжи со возбудувањата на 4-ти и 5-ти ноември по крајот на репрезентативните обврски кои ќе ги имаат фудбалските ѕвезди, но пред да дојде до третото и четвртото коло во групната фаза, УЕФА издвои еден генијален потег на Модриќ на кој не се обрна премногу внимание.

УЕФА преку својот официјален профил на Лигата на шампионите ја истакна фудаблската магија која ја поседува Лука и на 37 години, која направи да видиме фрустрирачка реакција од Тимо Вернер.

Германецот ги превртува очите по мајсторијата на Лука на мал простор, кој по којзнат којпат во кариерата, докажува дека знае како да пронајде идеално решение кога се чини дека топката е загубена…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни