Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА има план Б за ЛШ: Фајнал-ејт завршница во три недели, Истанбул нема да биде домаќин на финалето

Објавено

на

Во период кога фудбалските Федерации ги одредија датумите за рестартирање на сезони во националните првенства, единствена непозната останува само тоа каква завршница ќе има најелитното натпреварување во Европа, кое за разлика од лигите, има доста посложена и покомплексна содржина.

Како главен проблем се јавува тоа што тимовите нема да можат слободно да патуваат од земја во земја, но иако се уште како првичен се води планот за доигрување на Лигата на шампионите во нормален тек, УЕФА има веќе изработено и план Б.

Според првиот и посакуван план, ќе се доиграат осминафиналните дуели и сите преостанати ќе се доиграат со по два дуели до финалето, со тоа што турнирот е планиран од 4-ти до 29-ти август. Ова ќе се случи ако олабават рестриктивните мерки во големите европски земји, но Европската куќа на фудбалот е подготвена и за понегативно сценарио.

Доколку не биде овозможено да се патува, УЕФА планира да ја заврши Лигата на шампионите со фајнал-ејт, во кој најдобрите осум екипи ќе играат турнир сличен на оној во ракометната Лигата на шампиони.

Во овој случај, турнирот би траел од 4-ти до 22-ри август, но истовремено се разгледува и најповолната и најпогодна дестинациај за одигрување на сите натпревари, а најголема поддршка добива Португалија. Оваа земја веќе извесно време одлично се справува со коронавирусот, па Лисабон добива се поголема предност пред Истанбул кој првично беше град домаќин за одигрување на финалето.

– Имам добро чувство дека се уште можеме да имаме добри вести од интернационалниот фудбал во Португалија во месец август, – изјави претседателот на Португалија, Ребело да Соуса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни