Македонија
УЕФА горда на ФФМ: Направени напори за применување на најдобрата опција
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2020/05/ffm-dokument.jpg)
Управниот одбор на ФФМ денеска го прифати предлогот на Натпреварувачката комисија за прекин на државното првенство во фудбал за сезоната 2019/2020 година, како и во Купот на Македонија.
Во соопштението кое го лиферуваше ФФМ, како причина за ваквата одлука се наведува развојот на ситуацијата на државно ниво со ширењето на „COVID-19“, како и ситуацијата во која се најдоа некои фудбалски клубови каде што беа прогласени вонредни мерки на карантин откако заболеа неколку фудбалери.
– Раководството на Фудбалската федерација на Македонија оваа одлука им ја соопшти и на службите во УЕФА, потенцирајќи ја состојбата во нашата држава од здравствен аспект и неможноста да се предвиди временската рамка во однос на евентуалното продолжување на првенството, односно со ново настанатата ситуација не може да се гарантира дека продолжувањето на националниот шампионат би имал регуларен тек,- се вели во соопштението објавено од ФФМ.
Исто така се наведува дека во одговорот добиен повратно, УЕФА е исклучително горда на нашата федерација.
– ФФМ и покрај сите предизвици во изминатиот период имаше за цел да направи обид и да ја примени најдобрата опција за продолжување на клупското натпреварувања од Прва МФЛ,- се дополнува во дописот.
За жал сите напори да се овозможи правилно, по спортска заслуга, продолжување и завршување на домашното натпреварувања, не беа успешни поради новата ситуација.
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства5 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства17 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства18 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација21 час
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства7 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација19 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор