Поврзете се со нас

Македонија

УЕФА го „олесни“ Шкупи за 44.000 евра

Објавено

на

Македонскиот шампион Шкупи ова лето беше активен во натпреварувањата на УЕФА и имаше историска шанса да обезбеди пласман во групната фаза (Конференциска лига), но на крајот не успеа да ја оствари таа цел и сега ќе мора да се фокусира само на домашната сцена.

Во меѓувреме клубот од Чаир е санкциониран од УЕФА, а причината за тоа е однесувањето на неговите навивачи за време на дуелите на европската сцена. Шкупи ја информираше јавноста дека Европската куќа на фудбалот им доделила казна од 44.000 евра.

Воедно првакот им се заблагодари на навивачите за поддршката, ама во исто време побара од нив да бидат внимателни и да не прават вакви сцени, потези во иднината затоа што цехот за истото ќе го плати нивниот омилен клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни