Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА го одредила изменетиот формат за Лигата на шампионите поради СП во Катар

Објавено

на

Одржувањето на Светското првенство во Катар во ноември и декември ќе направи многу компликации за распоредот во националните шампионати, но и во Лигата на шампионите.

УЕФА веќе го одредила календарот за следното издание на најелитното европско натпреварување (2022/23), со цел се да биде подготвено и испланирано во пресрет на првото мундијалско издание во зимски термин.

Тоа подразбира дека групната фаза ќе започне порано, а финалето ќе се одржи невообичаено доцна во 2023 година.

Првите натпревари од групната фаза се предвидени за 6. септември, веќе следната недела ќе се игра второто коло, а ќе заврши на 1 и 2 ноември кога ќе бидат познати патниците во осминафиналето.

Светското првенство започнува на 21. ноемви, а ќе заврши на 18. декември, по што ќе продолжат натпреварите во националните првенства.

Осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи во вообичаените термини во февруари и март, четвртфиналната фаза ќе следува кон средината на април за да се обезбеди простор за националните шампионати, полуфиналните дуели ќе се играат на 9/10 и 16/17 мај.

Финалето во Истанбул е закажано на 10. јуни, невообичаено доцна и тоа ќе биде најдоцна одиграно финале во ЛШ уште од првото издание на европското натпреварување во 1956 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни