Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА го одреди судијата за Барселона-Наполи, потсетувајќи ги Каталонците на големиот кошмар

Објавено

на

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска го одреди судијата за реванш дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Барселона и Наполи.

Се работи за познатиот турски судија Џунејт Чакир, кој во сабота ќе ја дели правдата на „Камп Ноу“, каде двете екипи го продолжуваат соочувањето по 1:1 во Неапол.

Она што делува непријатно за фановите е што Чакир беше главен судија и на дуелот меѓу Ливерпул и Барселона, кој Англичаните го добија со високи 4:0 и на тој начин ја елиминираа Барса, која се чинеше дека има комотна предност од 3:0 од првата средба.

За утеха е фактот дека токму Барселона стана европски шампион во 2015 година кога во финалето го победи Јувентус, а судија беше токму Чакир.

Натпреварот меѓу Баерн Минхен и Челси ќе го суди Романецот Овидиу Хацеган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни