Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА го менува планот, ЕП може да се одржи само во една држава

Објавено

на

blank

Минатата година требаше да се одигра 16. Европско фудбалско првенство, но пандемијата со КОВИД-19 донесе промена на планот и истото беше презакажано за оваа година и тоа во периодот од 11 јуни до 11 јули.

Засега официјално нема поместувања и шампионатот треба да се одигра во 12 земји на стариот континент, меѓутоа веќе постојат одредени најави дека УЕФА размислува да првенството сепак се игра во една држава.

Ова го потврдува и реномираниот италијански новинар Танкреди Палмери кој тврди дека Англија е фаворит за да биде домаќин на овој голем настан. Ситуацијата со коронавирусот и понатаму е лоша во многу земји, па според УЕФА најдобро е големиот настан да биде во една држава, конкретно во Англија.

Конечната одлука за домаќин на ова натпреварување се очекува УЕФА да ја донесе кон средината на април.

Да посетиме нашата репрезентација е учесник на ЕП и според засега зацртаното дуелите против Австрија, Холандија и Украина треба да ги игра во Букурешт и Амстердам од 13 до 21 јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни