Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА го избра најубавиот гол на Европското првенство (Видео)

Објавено

на

Чешка покажа навистина убав и допадлив фудбал на Европското првенство, но покрај тимската игра, Чесите овој континентален турнир ќе го паметат и по ремек-делото кое сега е избрано за најубав гол.

Триесетдневните возбудувања на европскиот фудбалски собир завршија со завршно славје на Италијанците во големото финале на „Вембли“, но ова натпреварување во посебно сеќавање ќе остане на Патрик Шик кој воодушеви уште во групната фаза.

Напаѓачот на Чешка постигна спектакуларен гол од пола терен против Шкотска, погодок кој сега му го додели одличјето за „најубав гол на Европското првенство“.

УЕФА го објави резултатот од анкетата во која учествувале илјадници фудбалски фанови, кои процениле дека погодокот на Шик е убедливо најдобар и најатрактивен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни